Коктел кока-кола и бел рум (Cuba libre)
Состојки
- За 1 чаша од 300мл
- 3 коцки мраз
- 2 парчиња лимон (или лимета)
- исцеден сок од 1/2 лимон (или лимета)
- по потреба кока-кола
- 50 мл бел рум
Подготовка
Куба Либре е долг коктел кој бил креиран во чест на Куба и всушност името на коктелот значи Слободна Куба.
Куба Либре се сервира во висока и тенка чаша. Јас користев чаша од 300мл.
За да го подгответе коктелот ставете ги во чашата коцките мраз и двете парчиња лимон. Потоа додадете ги румот и исцедениот сок од лимон. Дополнете ја чашата со кока-кола и послужете го.
На здравје!