Киш со праз
Се меша брашното со прашокот за пециво. Се додава омекнатиот путер и добро се обработува. Настрана се мати јајцето со павлаката и се додава во брашното. Се измесува и се остава еден час во фрижидер (покриено со фолија)
За тоа време празот се сецка на ленти и се бланшира во врела вода да омекне. Неколку ленти се оставаат за украс, а останатите се сецкаат ситно.
На страна јајцата се мешаат со останатите состојки.
Тестото се вади од фрижидер и внимателно се расукува на работната површина во ширина на плехот во кој ќе се пече (во форма на круг).
Се префрла во плехот, претходно подмачкан со путер или маргарин, се боцка со виљушка и се остава да се одмори уште половина час.
Празот се распоредува врз тестото и се прелива со филот од јајца и павлака. Се украсува со лентите од праз и се пече во претходно загреана рерна најпрво на 220 степени, а потоа се намалува на 190-200 степени.
Се сервира за појадок, како предјадење или за вечера...
Лиценца: Сите права се задржани
Значи праз сакам на секој мој начин,а киш во животот не сум направила ниеднаш....значи....заклучок-треба да се направи!
(нека не се прават скромни,лично ги знам,па таква финта не им проаѓа :))) )