Кифлички со јаболко
Подготовка.
Квасецот го раствараме со 100 мл од млекото додаваме 2 лажици шеќер и 2 лажици брашно. Го оставаме на топло место да нарасне.
Во сад за месење го ставаме преостанатото млеко го додаваме и маслото и солта, а потоа и нараснатиот квасец, мешаме се заедно го додаваме брашното и замесуваме глатко мазно тесто кое го оставаме да нарасне.
Јаболкото го лупиме и го рендаме го ставаме шеќерот и заедно го динстаме малку на умерена температура, го додаваме сокот од лимон, а потоа искршени на поситни парчиња бисквити. Мешаме бисквитите да го впијат сокот од јаболко и да омекнат. По желба во филот можете да ставите и цимет.
Стасаното тесто го делиме на 4 дела секој дел го расукуваме поединечно во круг и сечеме на 8 дела секој дел го земаме повторно малку го развлечуваме со сукало на почетокот ставаме од филот ги преклопуваме страните да не излегува филот и мотаме во кифла.
Кифлите редиме во намрсен плек оставаме малку да нараснат и ги печеме во претходно загреена рерна на 220 степени. Готови по желба ги нарусуваме со прав шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
личат многу меки и сочни овие ;)