Кифли по рецепт на мама
Во водата и млекото се додава квасецот, шеќерот и 4-те лажици бело брашно.(ова се остава за квасецот да стаса.)
Откако ќе стаса квасецот се додава брашното, солта и зејтинот.
Убаво се размесува и се остава да отстои и нарасне тестото.
Се премесува и повторно се чека, да нарасне тестото.
Потоа тестото се дели на 2 половини и од секоја се прават по 4 точиња- вкупно 8.
Секое топче тесто се расукува и се сече на 8 триаголници.
На секој триаголник се става фил и се прави кифла.
Кифлите се редат во подмачкан плех со путер.
Секоја кифла се премачкува со жолчка, во која има неколку капки зејтин.
Се става мало парче путер на секоја кифла.
Се печат на 220 степени, 20 минути.
Добар апетит!
Пробајте да изедете само една тепсија..јас сум веќе при крај со првата...не можам да престанам..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Gi isprobav i tvoite podednakvo vkusni..ama ne gi fotografirav, mi padna aparatot..se oshteti i bev malku tazna...
Imaj si ubav den.