Кифли по рецепт на пекара ЛОМ Норвешка
Рецептов го најдов на некој сајт и ме заинтересира бидејќи содржи многу малку маснотија.Го пробав и се воодушевив, многу меки, вкусни кифли.
Овие кифли се правеле во пекарата Лом во Норвешка во големи количини.
Во вангличка се ставаат растопениот путер, квасецот, шеќерот и малку брашно.
Нека постои 5 минути па се додава солта и постепено од брашното.
Се замесува средно тесто.
се остава да кисни 30 минути.
Потоа тестото се дели на 3 топки.
Секоја се сучи во коричка па се дели на 12 парчиња, триаголници.
Се виткаат кифли.
Се редат во плех, киснат 20 минути се премачкуваат со изматено јајце, се наросуваат со сусам и се печат на 200 степени околу 20 минути.
Кога се готови по желба се премачкуваат со малку растопен путер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови