Видео рецепт: Кифли потопени во путер
Денес ќе готвиме заедно со Катерина, готвач член на нашата веб-страница. Катерина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Кифли потопени во путер.
Кифли кои се лесни за подготовка, ќе можат успешно да ги приготват и почетниците во кујната.
Подготовка
Чекор 1: Во млакото млеко ставете го квасецот и шеќерот да се активира квасецот, па додадете ги солта, маслото и останатите состојки.
Постепено додавaјте брашно и замесете тесто да биде средно тврдо.
Оставете да кисне 15- 20 минути.
Чекор 2: Потоа поделете на 2 топки. Секоја исукајте ја во мала коричка, сечете на 10-12 триаголници. Секој триаголник свиткајте го во кифла.
Така постапете со целото тесто.
Чекор 3: Секоја кифла потопете ја во растопениот путер. Оставете да искапе вишокот путер и редете ги во плех.
Оставете ги да киснат од 1-2 часа.
Едноставно заборавете ги, покријте ги со чиста крпа и печете ги после 2 часа.
Чекор 4: Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути или додека да заруменат. Потоа јадете ги со сирење, јогурт, домати, или што и да посакате.
СОВЕТ: Може да се направат и посни, ако се заменат млекото и путерот со вода и маргарин.