Сите состојки за филот се мешаат убаво во подлабок сад.
Претходно приготвените солени палачинки се филуваат со така подготвениот фил. На секоја палачинка, се става од филот на едниот крај, лево и десно се враќаат краевите по малку над филот и се витка ролатче.

Се макаат во изматено јајце, брашно, јајце, презла и се пржат во вжештено масло, на умерен оган, додека поруменат, со вртење од сите страни. Ги макам најпрво во јајце, со цел да се залепи палачинката, да не ни се отвори покасно при приготвувањето. Се вадат на кујнска хартија за да се впие вишокот на впиената мрснотија.

Се служат со Тартар сос.
Ситно исецкани или рендани кисели крастајчиња, убаво исцедени од течноста, се мешаат со неколку лажици мајонез и се наросува со црна пипер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани