Киевска пирошка од палачинка
Состојки
- 12-14 палачинки
- За фил
- 250гр. рендана салама
- 250гр. рендан кашкавал
- 1 варен и рендан компир (со средна големина)
- 1 варено и рендано јајце
- 3-4 рендани кисели краставички (убаво исцедени од течноста)
- 3-4 лажици кисела павлака
- малку црна пипер
- За похување
- 2 или по потреба јајца
- За Тартар сос
- неколку ситно исечкани или рендани и убаво исцедени од течност кисели краставички
- неколку лажици мајонез
- малку црна пипер
Подготовка
Сите состојки за филот се мешаат убаво во подлабок сад.
Претходно приготвените солени палачинки се филуваат со така подготвениот фил. На секоја палачинка, се става од филот на едниот крај, лево и десно се враќаат краевите по малку над филот и се витка ролатче.
Се макаат во изматено јајце, брашно, јајце, презла и се пржат во вжештено масло, на умерен оган, додека поруменат, со вртење од сите страни. Ги макам најпрво во јајце, со цел да се залепи палачинката, да не ни се отвори покасно при приготвувањето. Се вадат на кујнска хартија за да се впие вишокот на впиената мрснотија.
Се служат со Тартар сос.
Ситно исецкани или рендани кисели крастајчиња, убаво исцедени од течноста, се мешаат со неколку лажици мајонез и се наросува со црна пипер.