На тивок оган растопете ги чоколадото и слатката павлака. Потоа тргнете од рингла и вмешајте ги шеќерот и кафето.
Предходно обложените калапи со бело чоколадо наполнете ги со смесата и затворете ги со стопено чоколадо.
Обложувањето на калапите се прави со белото чоколадо предходно растопено на пареа. Во зависност од квалитетот на чоколадото можи да се додаде масло или воопшто не. Доколку користите поквалитетно бело чоколадо, тоа е со поголема густина и тогаш додадете 2 лажици масло на 100 гр чоколадо или сами спрема густината отценете си одокативно.
Доколку сакате да ви се поблаги (мене вака ми беа одлични, но сепак до вкусот се работи) додадете уште шеќер во прав, но сметајте дека пробувањето на блажината на филот самостојно и потоа како финален производ со чоколадото сепак има разлика во блажината (со чоколадото е поблаго, а контрастот се дополнува)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани