За оваа посна бистра супа подготовката оди вака:
Сите состојки се ставаат во сечко и се сечкаат на ситно. Се ставаат во експрес лонец, па се налева вода околу 3 литри. Се вари десет минути, па на крајот откако ќе се сварат состојките се става големо количество на сечкан магдонос, куркума, мешан сув зачин и бибер по вкус.

Забелешка
Од карфиолот одвоив дел и само како цветчиња ги напуштав во супата, не ги сечкав.
Задолжително ставете куркума и дава прекрасна боја, мирис и вкус на супата.
Од супава може да имате за два дена, само ставете ја во фрижидер.
Можете да ставите и неколку капки маслиново масло на крајот од варењето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани