Испечати

Карфиол-морков супа (посно)

Карфиол-морков супа (посно)

Состојки

  • 3 главици кромид
  • 7-8 моркови
  • 300 гр карфиол
  • 1/4 од главица целер
  • листови целер
  • 3-4 лукчиња
  • 1/4 од китка магдонос
  • Зачини
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица мешан сув зачин или по вкус
  • 1 лажичка бибер или по вкус

Подготовка

За оваа посна бистра супа подготовката оди вака:
Сите состојки се ставаат во сечко и се сечкаат на ситно. Се ставаат во експрес лонец, па се налева вода околу 3 литри. Се вари десет минути, па на крајот откако ќе се сварат состојките се става големо количество на сечкан магдонос, куркума, мешан сув зачин и бибер по вкус.

Забелешка
Од карфиолот одвоив дел и само како цветчиња ги напуштав во супата, не ги сечкав.
Задолжително ставете куркума и дава прекрасна боја, мирис и вкус на супата.
Од супава може да имате за два дена, само ставете ја во фрижидер.
Можете да ставите и неколку капки маслиново масло на крајот од варењето.