1. Во тенџере на оган се става водата и маргаринот, да зоврие. Тенџерето го тргаме на страна и додаваме брашно, сол и пециво. Мешаме со лажица да се добие хомогена смеса. Оставаме да се излади. Кога ќе биди млако, го префрламе во сад за матење, биеме со миксер и  едно по едно ги додаваме јајцата. Така припремената смеса ја делиме на 2 дела (за да добиеме 2 теста).
Секој дел го печеме во плех од рерна, во кој имаме ставено хартија за печење. Печеме на 200 степени, 20-25 минути без да ја отвараме рерната.
2. Во тенџере на оган, го ставаме млекото со шеќерот да се загрее. Во млекото ги додаваме 3те пудинзи разбиени во малку млеко и мешаме да се згусни пудингот. Кога ќе се излади го биеме заедно со маргаринот.
3. Во друг сад го биеме шлагот со млекото.
4. На подлога ја ставаме едната кора, го нанесуваме филот со пудинг, над него ги ставаме сецканите јагоди . над јагодите го ставаме шлагот и најгоре ја ставаме втората кора. Посипуваме со шеќер во прав

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани