Лесен колач и за приготвување и за јадење.
Прво се ставаат во 125 милитри млеко,125 милилитри вода и 125 милилитри зејтин на оган. Кога ќе зовријат се додава брашното и кратко се меша на оган околу 1 минута. Се трга на страна и се домешува за да нема грутки од брашното. Кога малку ќе олади се додават 4 јајца едно по едно и се меша со миксер. На крај се додава и пецивото и пак се меша.
Смесата ја делиме на два дела за 2 кори.
Корите се печат на хартија и јас ги печев во округол плех бр.30.
Се печат 15 минути на 200 степени и се остават уште 5 минути во исклучена рерна.

За кремот на оган се става 700 милилитри млеко со 6 лажици шеќер. На страна се мешаат 3 пудунга од ванила со 50 милилитри млеко и 4 лажици шеќер. Кога ќе зоврие млекото се додаваат пудинзите и се меша додека да згусне. Се трга на страна и се промешува повремено за да не фати кора. Се мати путерот со 2 ванилин шеќер и се додава во пудингот кога ќе излади. Слатката павлака ја матиме. Од неа додаваме 6 лажици кон оладениот пудинг и матиме со миксер.

Го филуваме колачот кора - жолт крем - слатка павлака - кора. Се става во фрижидер да одстои 3 часа. Пред служење се поросува со шеќер во прав.
Ако ви е поедноставно може да испечете и една кора од целата смеса само во поголем плех, па потоа да ја исечете на 2 дела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови