Карамел крем
1. Во тенџере се вари млекото, шекќерот, ванилите и маргаринот.
2. Кога доволно ќе се згусти - а тоа ќе го оцените исто како кога варите мармалад, тргнете го тенџерето од огнот и додадете ја содата, уште малку за кратко да проврие и се трга.
Содата бикарбона се додава само поради бојата, доколку сте задоволни со бојата која ке ја добиете при варењето на кремот, не мора да ја ставите содата ако не сакате. Ако ја додавате бидете внимателни - затоа велам да се потргне тенџерото од огнот бидејки се запенува и може да ви претече.
Во оригиналниот рецепт препорака е да се вари на тивко околу 2-3 часа, но јас од почетокот го варам на појак оган, потоа го намалам и не морам се да стојам до шпоретот, а малку го скратам и времето на варење.
Го користам во филови за торти, како прелив на ванила сладолед, при спремање на пралините со кој ги полнам истите, при спремање на труфлите... има, има полно рецепти каде што може да се користи. Овој крем карамел има голем придонес за вкусот на слатката, пралината или филот. Фантастичен и како прелив.
За овојкрем има и други рецепти кои го навистина скратуваат времето,со слатка павлака и стопен шекер, во микро печката, но секогаш се вракам на овој рецепт, некако ми е кремот по мене барем - најубав и најсигурен.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Касерола
Лиценца: Сите права се задржани
5 ванили, уф, одма го заљубив.
каши ми ти мене сега вака:
колку време стои?
на пример да си го направам па да си го додавам во што и да готвам, да не морам да го спремам секој ДЕН, ама да го јадам секој ден :) :) :) :)
МА ДАЛИ СЕ ТИЕ НОРМАЛНИ КАКВО ТАВЧЕ НАПРАВИЛЕ!!!
се опремив јас со нож за одлепување на ивици, дрвена лажица за одлепување на палачинка пред да ја свртам и останаа неупотребени :)
штом се спреми палачинката сама си се одлепува, само протреси го малку тавчето и толку. заљубена сум <3 <3
:) :) :) :)
kaj nas ima kondenzirano mleko, pa najcesto go prigotvuvam so nego, zasto e pobrzo, za 15 min. e gotovo, so 370 ml. mleko, ama i so obicno e odlicno :)
Популарен крем и секако карамел... кој не би сакал :) ... еден погоден ден ќе брцкам и јас со лажичка во ваков .. :)))
1/2 шеќер е половина килограм? :)
си го запишувам во тефтерче, па приметив дека не ми е јасно, а претпоставувам дека е 500гр :)
токму така, ма си знаеш ти, но мора да биде напишано како би било точно од ...до, благодарм навистина што ми го сврти винамнието за да препрочитам пак...јас го читам..ама онака оти си го знам и не забележувам дека го нема она кгр. ...значи 1/2 кгр. или 5оо гр. Поздрав !
си мислам си ја здувала на одмор, па пиеш коктелче под палма и не ти недостасувам, ама ако, само ти одмори душа :) :) :) :)
види љиљо, го направив ова волшепство уште пред еден месец. ДУПЛА доза разбира се и не да е добро, ми се пцуе од што е добро. го сремав на плин скоро 4 часа. немав работа окулу него, само си се правеше :)
ама колку добро мирисаше цела куќа, оф оф оф, само поминував и го ПРОБУВАВ демек морам, а всушност не можев да дочекам да биде готово :) :) :) :)
претпоставува дека ќе кристализира. не е страшно, само го оставам 20ина мин во врела вода сосе тегличка и се растопува пак, ама сакав да те прашам
- дали ако ставам 100-200 гр помалку шеќер исто толку ќе кристализира?
го демнам и мислам дека нема. имаш ли искуство или да експериментирам?
ветувам ништо нема да екслподира :) :) :) :)
повели и слики како доказ
палачинка со крем и мелени бисквити, мелем....
и кремот како што го сркав
http://i.minus.com/ibwlKzk5Pf7Bww.gif
http://i.minus.com/ibwlKzk5Pf7Bww.gif
Liki e na rabota ,ima i po doma rabota, pravi razni raboti kako so e dzanki slivi i sokove
тоа ми требаше, помлаку време да го варам :)
не ми смета згуснувањето, ама некако ептен кристалои шеќер се појавија. знам дека во тегличето во топла вода и се растопуваат, ама САКАМ БРЕ СОВРШЕНСТВО!!! :) :) :) :)
ели4ка и дани, кремот не ви го ни зборам,ама комбинацијата со мелени биКсвити треба да ве подзамисли :) :) :) :)
фала што ми се радувате на мојата радост :)
si gi zbiram receptite sega i ti go vidof komentarot
Inace so domasno mleko go pravev.Nemozam da stavam slika nemam kabelce ko ke go najdam stavam da vidis :)
на пролет со последните ќумбиња пак уште една ваква тура :)