Карамел крем
Состојки
- 1,5 л. млеко со 3,5 % масленост
- 1/2 кгр. шеќер
- 5 кесенца ванили
- 125 гр. маргарин
- на врв на лажичката сода бикарбона
Подготовка
1. Во тенџере се вари млекото, шекќерот, ванилите и маргаринот.
2. Кога доволно ќе се згусти - а тоа ќе го оцените исто како кога варите мармалад, тргнете го тенџерето од огнот и додадете ја содата, уште малку за кратко да проврие и се трга.
Содата бикарбона се додава само поради бојата, доколку сте задоволни со бојата која ке ја добиете при варењето на кремот, не мора да ја ставите содата ако не сакате. Ако ја додавате бидете внимателни - затоа велам да се потргне тенџерото од огнот бидејки се запенува и може да ви претече.
Во оригиналниот рецепт препорака е да се вари на тивко околу 2-3 часа, но јас од почетокот го варам на појак оган, потоа го намалам и не морам се да стојам до шпоретот, а малку го скратам и времето на варење.
Го користам во филови за торти, како прелив на ванила сладолед, при спремање на пралините со кој ги полнам истите, при спремање на труфлите... има, има полно рецепти каде што може да се користи. Овој крем карамел има голем придонес за вкусот на слатката, пралината или филот. Фантастичен и како прелив.
За овојкрем има и други рецепти кои го навистина скратуваат времето,со слатка павлака и стопен шекер, во микро печката, но секогаш се вракам на овој рецепт, некако ми е кремот по мене барем - најубав и најсигурен.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Касерола