Карамел коцки
1 КОРА
5 белки се матат со 100гр шеќер во цврст снег, па им се додаваат сецканите ореви и 2 лажици брашно и се пече - суши кора на хартија во плех
2 КОРА
5 белки се матат во цврст снег, па им се додава 100гр шеќер,100гр мелени ореви,2 лажици брашно и се пече-суши кора на хартија во истиот плех.
ФИЛ
10 лажици шеќер се загреваат на оган со постојано мешање додека шеќерот се стопи и добие убава боја на карамел(да не се препржи затоа што ќе горчи).Одкако ќе се растопи шеќерот кон него се додава 800мл зовриено млеко и смесата се вари додека сиот шеќер не се растопи. Пудинзите се мешаат со преостанатото млеко и се додаваат кон смесата, се вари крем додека се згусне. Кон оладениот крем се додава пенасто изматен маргарин со шеќерот. Смесата убаво се изедначува и се филуваат двете кори а одозгора се декорира со шлаг или чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
i jas ocekuvam ama uste e rano sega za sega gi degustira receptite vo stomakot na majka mu:)