Карамел коцки со урми и ореви
1 кора
Јајцата се матат со шеќерот да се добие убава пенаста маса. Од како ќе се изматат се додаваат зејтинот, јогуртот, брашното измешано со пецивото и урмите и смесата се пече во калап бр.32 на хартија.
2 кора
Белките се матат во цврст снег, па им се додава шеќерот. Се продолжува со матење додека се добие цврста маса. Со лажица се додава брашното и пецивото и се промешува. На крај се додаваат и сецканите ореви, се меша и се сипе во калап на хартија. Смесата се пече околу 45 минути на 150 степени.
фил
Шеќерот се става во подлабок сад на оган да се растопи. Внимавајте да не прегори.
4 пудинзи се разматуваат во 150мл млеко. Преостанатото млеко се става во растопениот карамел и се вари додека се растопи целиот карамелизиран шеќер. Од како ќе зоврие млекото кон него се додава разматениот пудинг и се вари крем. Кремот се остава да се подизлади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон млакиот крем. Убаво се изедначува и филот уште недоизладен се става над првата кора, па втора кора, фил и декорацијата по желба.
Лиценца: Сите права се задржани