Се замесува тесто од состојките и се меси подолго додека убаво се спои. Тестото се дели на 4 топки и од секоја се развлекува тенка кора која се пече на превртен плех. За полесно да се развијат корите најубаво е да се сукаат на хартија за да не се кинат при пренесувањето.Се печат многу кратко време и се ставаат една над друга

Фил
Шеќерот се става на тивко да карамелизира, да се испржи додека добие светло кафеавкаста боја. Млекото се става на друга рингла да се згрее и еден дел се остава да се размати брашното, а другиот дел се налева врз шеќерот и се меша додека масата се изедначи. Откако ќе се изедначи се додава брашното и се вари крем. Се трга настрана да се олади па му се додава пенасто изматен маргарин со 100гр шеќер. Корите се филуваат и се оставаат да одседат барем 10 часа да се впие филот, а потоа се преубави-просто се топат во уста

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално