Капри торта со јагоди
КОРА* Белките пенесто се матат.Постепено се додава брашното и пецивото и се меша со дрвена лажица.Се печи во округол плех со обрач на 200ц-15мин.-кората треба благо да порумени.И потоа се наквасува со млако млеко 2-3 лаж.(МОЖЕ ДА СЕ ПЕЧИ ВО ПЛЕХ 25х35
ЦРВЕН ФИЛ* Ако јагодите се смрзнати се оставаат да пуштат сок и сокот што ќе излезе се меша со вода и вкупно да излезе 1/2л.Се вари со 300гр шеќер и 500гр овошје(јагоди) и 3 пудинга од јагода.Кога е готов филот се прелива врз белата кора(кората е во плехот со обрач)
ЖОЛТ ФИЛ* 6 жолчки се матат со шеќерот во прав ,6 лаж.брашно и 1 пудинг и се вари со 1/2 л млеко .Се лади.Се додава изматениот маргарин и шеќерот и се става врз црвениот фил.Озгора се полива со растопена чоколада и на крај шлаг.
Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
kaj tebe slikata e prekrasna a vkusot mi e poznat pa zatoa-SUPER