Испечати

Капри торта со јагоди

Капри торта со јагоди

Состојки

  • КОРА*
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво и малку млеко за потопување на кората
  • ЦРВЕН ФИЛ*
  • 500мл вода (или сок од јагоди)
  • 300гр шеќер
  • 500гр јагоди
  • 3 пудинга од јагода
  • ЖОЛТ ФИЛ*
  • 6 жолчки
  • 200гр шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 3 лажици нишесте (или пудинг од ванила)
  • 500мл млеко
  • 1 маргарин и 100гр шеќер во прав
  • 100гр чоколада и 100гр шлаг

Подготовка

 

КОРА* Белките пенесто се матат.Постепено се додава брашното и пецивото и се меша со дрвена лажица.Се печи во округол плех со обрач на 200ц-15мин.-кората треба благо да порумени.И потоа се наквасува со млако млеко 2-3 лаж.(МОЖЕ ДА СЕ ПЕЧИ ВО ПЛЕХ 25х35

ЦРВЕН ФИЛ* Ако јагодите се смрзнати се оставаат да пуштат сок и сокот што ќе излезе се меша со вода и вкупно да излезе 1/2л.Се вари со 300гр шеќер и 500гр овошје(јагоди) и 3 пудинга од јагода.Кога е готов филот се прелива врз белата кора(кората е во плехот со обрач)

ЖОЛТ ФИЛ* 6 жолчки се матат со шеќерот во прав ,6 лаж.брашно и 1 пудинг и се вари со 1/2 л млеко .Се лади.Се додава изматениот маргарин и шеќерот и се става врз црвениот фил.Озгора се полива со растопена чоколада и на крај шлаг.
Пријатно!