Капри Торта
Се матат 9 белки со миксер и постепено се додава шеќерот лажица по пажица. Кога добро ќе се згусне се додаваат 10 лажици мелени ореви, 3 лажици брашно и прашокот за пециво и рачно се меша да се соединат сите состојки. Се става сместа во плех обложен со хартија за печење и се пече на 180 степени додека не порумени. Пресчете ја кората на два дела.
1 Фил
Од 500 мл сокот од вишни одземете неколку лажици и разматете го прашокот за пудинг од малина. Остатокот ставете го да се загрее заедно со шеќерот. Во него размешајте го прашокот за пудинг. Кога ќе се згусне веднаш додајте ги вишните од компот без семки. Оставете да се олади малку и распоредете го рамномерно на двете кори.
2 Фил
Од млекото одземете неколку лажици и разматете го во него пудингот од ванила и густинот .Остатокот од млекото со половина шеќер ставете го да зоврие. Жолчките изматете ги со другата половина од шеќерот, со негово постепено додавање. Во зовриеното млеко додадете ги изматените жолчки и убаво мешајте. Потоа додадете го и пудингот со густин и мешајте додека не згусне. Оставете го да се олади убаво. Изматете го путерот со миксер и во него ставете го оладениот фил. Матете додека не добиете мазна и хомогена смеса. Премачкајте го жолтиот фил врз розевиот фил од вишни.
Чоколадото растопете го заедно со путерот и малку масло. Нанесете од чоколадото врз жолтиот фил. Ставете ја кората врз него со филот од вишни, па од жолтиот фил и повторно премачкајте од растопеното чоколадо. Оставете чоколадото убаво да се стегне околу 1 час.
Вишните од компот без семки потопете ги неколку минути да одстојат со рум и малку шеќер. Изматете го шлагот и во него додадете ја течноста од вишните со рум, за малку арома. Премачкајте го чоколадото на тортата со мармалад од шипки и врз него распоредете ја шлаг пената. Украсете по желба со растопено чоколадо и вишни.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Prekrasna vest!!
Сега знаеме дека воопшто не сме погрешиле со изборот :)
Многу среќа!
(фрла конфети на сите страни) :) :) :) :)