16
јун
2014
Канелони со брокула и мелено месо
Канелоните ги прекриваме со врела вода и ги оставаме да стојат.
Кромидот, морковот и брокулата ситно ги сецкаме и ги пропржуваме, потоа го додаваме меленото месо посолуваме и пред крајот додаваме црвен пипер.
Канелоните ги полниме со подготвениот фил и ги редиме на подмачкано тавче бр 30.
Доматниот сос и водата ги мешаме убаво, ги преливаме канелоните и ставаме во рерна на 200 степени околу 30 минути (се зависи од јачината на рерната).
Пред крајот го вадиме тавчето, врз него редиме кашкавал и враќаме да се растопи кашкавалот.
Пријатен апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови