Во длабок сад се става брашното, шеќерот, сувиот квасец и солта и се мешаат. Во тенџерче се топи маргаринот и млекото. Се трга од ринглата и се додава водата и ванилите. Се остава малку да се одмори. Се додаваат јајцата и се замесува глатко тесто. Се завиткува во фолија и се остава да се одмори.
Надојденото тесто го размесуваме со 2 лажици брасно и со сукало го сукаме во форма на правоаголник со дебелина од 1см.
Правоаголно длабоко тепсивче за леб го премачкуваме со маргарин и брашно.
Во тенџерче се топи маргаринот и со четче се премачкува рамномерно по целото тесто. Врз него се посипува шеќерот кој е измешан со цимет и оревче. Се сечи во должина на 6 еднакви дела, а потоа тие делови се ставаат едни врз друг, ,па потоа нив на 6 мали квадратчиња. Се ставаат квадратите во модлата за леб едно до друго и се оставаат да стасаат околу 30мин. Се печат во загреана релна 30мин-180С.се оставаат да оладат, а потоа се кинат парчиња,кои сами од себе се двојат.Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани