Овој рецепт за прв пат го прочитав во едно италијанско списание Сол и Пипер, во времето кога се слави ирскиот празник - Денот на св.Патрик, ми се допадна и почесто се наоѓа на нашата трпеза, а го има по интернет во многу варијанти, но јас пишувам овде како јас го направив по предложениот рецепт.

1. Прво се става да се вари измиениот компир, морковот и јајцата.
2. Во тава на зејтин се става да се пржи исечениот кромид, кога омекне се додава месото, се пржи, се зачинува . Кога е испржено се додава грашокот кој е веќе сварен, исто така насецканиот сварен морков и буљонот од коцка или зеленчук,(а може и само со вода да се залее) се остава да крчка, па кога веќе остане повторно на зејтин се додава пирето од патлиџан. Се промешува и трга настрана,
3. Компирот се лупи додека е топол, се гмечи и му се додава млекото и маргаринот, се промешува, се додава киселата павлака, се зачинува со малку сол, вегета и бибер.
4. Во огноотпорен сад прво се става колку да се покрие доното од садот, врз него сосот од месото, па ренданиот кашкавал или сирење, повторно пире, а најодозгора се посипува со преостанатиот рендан кашкавал или сирење. Варените јајца се сечат на половина, со лажица се прават гнезда колку што имате половинки од јајцата , па во секое гнездо ставете по една половина од јајцето.

Вака спремано се става за кратко во рерна колку да се подпечи, бидејки веќе сте ставиле готово спремано јадење во садот, може воопшто да не го подпечувањет, само така наредно да го послужите.

НАПОМЕНА
-Внимавајте при осолувањето да не го пресолите јадењето водејки сметка дека буљонот е солен, а секако и сирењето или кашкавалот.
- Јас ставам кашкавал и обожавам да го ставам за кратко во рерна колку да се стопи кашкавалот.
-Секогаш не користам буљон, едноставно залејам со вода а во неа додадам малку бело суво вино, или едноставно само вода.
- Пирето го припремам со миксер.
Имајте пријатен ден и пријатен ручек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани