Ирска пастирска пита
Овој рецепт за прв пат го прочитав во едно италијанско списание Сол и Пипер, во времето кога се слави ирскиот празник - Денот на св.Патрик, ми се допадна и почесто се наоѓа на нашата трпеза, а го има по интернет во многу варијанти, но јас пишувам овде како јас го направив по предложениот рецепт.
1. Прво се става да се вари измиениот компир, морковот и јајцата.
2. Во тава на зејтин се става да се пржи исечениот кромид, кога омекне се додава месото, се пржи, се зачинува . Кога е испржено се додава грашокот кој е веќе сварен, исто така насецканиот сварен морков и буљонот од коцка или зеленчук,(а може и само со вода да се залее) се остава да крчка, па кога веќе остане повторно на зејтин се додава пирето од патлиџан. Се промешува и трга настрана,
3. Компирот се лупи додека е топол, се гмечи и му се додава млекото и маргаринот, се промешува, се додава киселата павлака, се зачинува со малку сол, вегета и бибер.
4. Во огноотпорен сад прво се става колку да се покрие доното од садот, врз него сосот од месото, па ренданиот кашкавал или сирење, повторно пире, а најодозгора се посипува со преостанатиот рендан кашкавал или сирење. Варените јајца се сечат на половина, со лажица се прават гнезда колку што имате половинки од јајцата , па во секое гнездо ставете по една половина од јајцето.
Вака спремано се става за кратко во рерна колку да се подпечи, бидејки веќе сте ставиле готово спремано јадење во садот, може воопшто да не го подпечувањет, само така наредно да го послужите.
НАПОМЕНА
-Внимавајте при осолувањето да не го пресолите јадењето водејки сметка дека буљонот е солен, а секако и сирењето или кашкавалот.
- Јас ставам кашкавал и обожавам да го ставам за кратко во рерна колку да се стопи кашкавалот.
-Секогаш не користам буљон, едноставно залејам со вода а во неа додадам малку бело суво вино, или едноставно само вода.
- Пирето го припремам со миксер.
Имајте пријатен ден и пријатен ручек!
Лиценца: Сите права се задржани
само ме мачат со тоа што си ги пробуваат рецептите една на друга, а јас само зјапам во слики :) :) :) :)
За вкусот ќе коментирам подоцна,се уште не сме ручале,ама пусто не ми дотраа душата одма да го сликнам и да се пофалам :)
Овие 3 дена ептен сум во МР фазон
Значи рецептов твој е над сите очекувања,за вкусот зборот феноменален е премал,а за тие што се уште не ја спремиле оваа ирска пастирса пита мојата препорака е, не да си ја направат во иднина,туку ПОИТНО ДА ЈА НАПРАВАТ УШТЕ УТРЕ!!!!!!
Маж ми не можеше да се искаже колку многу му се допадна,тоа требаше да го снимам па видео да ви поставам тука.Добив толку мнгогу бакнежи и гушкања и пофалби и кажа дека многу долго време не бил толку многу воодушевен од вкусот на некое ново јадење што сме го припремиле дома.А да не зборам дека и прстите почна да ги јаде:))))
Ми кажа еден огромен поздрав до Лилјана и многу да ти се заблагодарам од негово име.
Повеќе нема што да опишувам,само ќе кажам дека ете и од најобичните состојки што секојдневно ги користиме во нашите кујни знае да излезе една совршено неочекувана комбинација на вкусови!
Презадоволни,среќни,со уште еден рецепт побогата нашата кујна.
Јас сум благодарна за поздравот од сопругот твој.... тие поздрави се најкефски, значи и друг го цени ова што овде сум го напишала...а ти прекрасно си го спремила, одлична сликата која раскажа за твоето спремање дека било сосема успшено... Поздрав и Благодарност до целото твое семејство кое секако го поздравувам!
... И бевме во право - фантастична е, превкусна!
Еве и уште едно сликче и не ставам веќе :)))
Веднаш влезе во план мени за повик гости за ручек и тоа во скоро време ;)
Ostana del i ladna, taka mislam uste povkusna, a i polesna za serviranje ke bide :)
Pozdrav i na dvete.