Интегрално лепче со суви смокви и портокал
Вкусно, миризливо лепче, идеално за доручек со шоља млеко или чај.
1. За негова подготовка најпрво сецканите смокви се потопуваат во сокот од портокал и се оставаат 1 час да одстојат.
2. Откако ќе одстојат се цедат, а добиениот сок се користи за да се замеси тестото.
3. Значи квасецот се растопува во малку млака вода, му се додаваат двата вида брашно, сокот од портокал, медот, путерот, солта, ренданата кора од портокал и по потреба дополнително вода за да се замеси средно меко тесто.
4. Тестото се остава да надојде и да го удвостручи обемот.
5. Потоа се премесува, се сука правоаголна кора, се посипува со сецканите смокви и ѓумбирот и се витка во ролат. Ѓумбирот само го надополнува вкусот на смоквите во лепчето, ама ако не сте љубител слободно изоставете го.
6. Се остава тестото уште еднаш да стаса, се премачкува со млеко и се пече на 200-180Ц.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови