Измирска алва
За разлика од останатите алви кои ги спремаме со гриз и се меки, измирската алва е тврда и потешка на вкус.
Одличен рецепт за да се заблажите во овие денови на Петровденскиот пост, но и за понатака.
Во подлабок сад, на тивок оган, ставаме 8 лажици шеќер да се карамелизираат постепено, без мешање или со благо наклонување на садот.
Ако мешате со лажица можно е да се формираат цврсти кристали кои потоа не можат да се растопат.
Откако се растопил шеќерот, го ставаме зејтинот, па промешуваме за да се загрее. Ќе забележите дека состојките не се измешуваат помеѓу себе, но тоа не е ни потребно.
Потоа садот ЗАДОЛЖИТЕЛНО покријте го со капак и со помош на ѓезве, полека низ мало отворче, додавајте ја топлата вода. Смесата ќе почне да прска, па затоа веднаш покријте го садот и оставете да се смири.
Следно е додавањето на шеќерот и на какаото. Ставете ги и мешајте постојано за да се стопат и сосема и смесата да биде добро хомогенизирана.
Ставете ги исецканите ореви, промешајте повторно и продолжете со додавање на брашното, во неколку серии. Можно е да не ви се потребни сите 30 лажици или пак ако ги ставите сите и сте добиле прецврста смеса, додадете малку масло.
На крај смесата што ќе ја добиете треба да биде поцврста, тешко да се меша и со груба текстура. Едноставно се распаѓа на помали делчиња и ќе треба дури е се уште топла да ја натапкате во намастено тавче и веднаш да ја исечете како што сакате.
На сликите може да забележите дека кај мене е во не правилни форми. Ја сечев на надолжни ленти, па откако се олади ги кршев парчињата.
Нека ви е на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Многу ми се допадна 2 та и 4 та слика,незнам дали мене ми се гледа така,ама главната фотографија е многу темна,те молам без навреда.
Инаку јас овој пат правев пола доза и ја ставив во плехче 30х40.Во рецептот за цела доза ми е забележано тавче бр.28.Мислам дека количински кога ќе видиш колку е ќе ти биде лесно да процениш во што да го сместиш :) ако е во помало ќе сечеш подебели коцки,зависи што точно сакаш.
Ауу,ме предизвикуваш да направам и 1/4 доза... :)
Не си разбрала ти грешно,туку јас погрешно сум напишала и те доведов во заблуда :)
Ако најдеш рецепт за 30х40,пола доза,кажи ми и јас да го намалам хаха :)))
Не е многу шеќер,нека не те буни,сепак ни 30 лажици брашно не се малку.Шеќерот мора да ги сврзе сите состојки кога постепено ќе карамелизира.Може да пробаш да направиш пола доза исто како мене,па понатака може да си прилагодуваш на вкус,тоа барем е најлесно :))
Јас најпрвиот пат кога ја направив беше баш растеглива како мастика за џвакање,но се изеде.еве сега во поуспешна верзија.