Подготовка:

1. Во тенџере, на умерен оган, ставаме 200гр шеќер и го топиме, карамелизираме. Се додава вода и на тивко се вари, убаво да се растопи. На оваа смеса се додаваат уште 1500 гр шеќер и се вари убаво, на тивко.
2. Сега додаваме таан и вариме уште 5-6 минути на тивко. Постојано мешаме и додаваме сецкани ореви.
3. Внимателно смесата ја истураме во лесно намастен плех. Оставаме убаво да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани