Кремасто и убаво изматете ги јајцата со шеќерот. Со најмала брзина на миксерот додадете ги течните, па сувите состојки.
Смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава 25х35 и печете на 180С околу 25 мин. Проверете со методот чепкалка.

Во меѓувреме спремете го првиот фил. Сварете пудинг од наведените состојки и додека е се уште топол додадете го путерот исечкан на помали парчиња. Матете го со миксер додека смесата се спои и не стане мазна и кремаста.

Печената кора, додека е топла издупчете ја со рачката од дрвена лажица и врз неа прелијте го веднаш белиот крем.

Додека тој се зацврстува, спремете го црниот на истиот начин како белиот, со тоа што чоколадото ќе го додадете заедно со путерот во жешкиот сварен пудинг и секако, убаво ќе го изматите на крај до мазна структура. Така спремен премачкајте го врз белиот фил.
Одозгора веднаш ставете чоколадни плочки или трошки. Тие ќе се вклопат како убава кора откако филот ќе се здрви.

Забелешка
Не користете помала големина на тава од предложената. Колачот ќе ви дојди премногу висок и дупките потешко ќе се исполнат. Јас би препорачала во големиот Ростер, а не како овде во малиот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови