Како прво сваретего пудингот и оставете го да се лади.
Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќерпт и ванилата, па додајте го млекото маслото, помешајте да се изедначи смесата.
Помешајте го брашното и пецивото, па додајте го во изматените јајца и благо промешајте со лажица или шпатула.
Четвртастото тавче намрсете го со малку масло и прекријте го со хартија за печење. Истуретеја смесата, но претходно извадете неколку лажици и помешајте ги со какаото. Додајте го кафеавото тесто и со стапче за ражнич или дршката од лажицата промешајте и направете шари како за мраморен колач.
Печете во загреана рерна на 180-200 степени,околу 40-45 мин.
Ивадете го од рерна и оставете го да се лади.

За тоа време изматете го путерот и шеќерот во прав во пенаста бела смеса.
Изладениот пудинг изматете го со миксерот за да се изеднаци и нема грутчиња, па потоа соединете го со изматениот путер.
Изладеното тесто пресечете го на половина за да добиете две теста,
Едната половина од тестото ставете го во тепсијата и премачкајте го со половина од кремот, израмнете го. Од горе наредете го со ролованите стапчиња/дополнителна слика/ -стапчињата мозе да бидат бели или чоколадни по ваша желба.
Попрскајте го со кокосот, па додајте го остатокот од кремата порамнете ја и ставте го второто тесто. Кога го правам овој колач долниот дел од тестото го оставам за горе бидејки е порамен и колачот нема нерамнини-ридчиња како би се рекло. Притисните полека по целата површина како би се сппоиле кремот и тестото.

Оставете го и припремете го преливот
Чоколадото растопете го на тивок оган со путерот и млекото, па уште топло прелијте го колачот.Оставете го да се лади

ПРЕДЛОГ
За прелив можете да користите и слатка павлака со стопено чоколадо. Обично оди 100гр чоколадо со 100мл слатка павлака, а за преливањето на овој колач ќе ви треба околу 200гр.чоколадо и 200мл слатка павлака.
Колачот сечете го во коцки за да не ви се искршат ролованите стапчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови