Запечен карфиол со ќофтиња
Најпрво подгответе ги ќофтињата
Во сад ставете го месото, додајте го кромидот, лебот натопен во малу вода и исцеден, зачините и смесата убаво измесете ја да се изедначи. Оставете ја малку да отстои и потоа направете мали топченца колку еден орев. Испржете ги во малку масло.
Карфиолот искинете го на цветчина (не многу мали ) и ставете го да се вари во посолена вода. Доволно се само 6-7 минути само малку да омекне. Потоа исцедете го.
Подгответе го бешамелот
Во мало тенџерче ставете го путерот да се стопи, додајте го брашното, запржете го како за запршка и додајте го млекото претходно загреано.
Мешајте додека малку се згусти и додајте ги зачините по вкус.
Плехчето за печење намачкајте го со путер. Ставете го карфиолот, ќофтињата, кашкавалот и измешајте ги. Одозгора додајте го бешамелот и ставете го да потпечи во загреана рерна околу 30-40 мин на 200 степени.
Послужете го топло со салата.
Лиценца: Сите права се задржани