Запечен карфиол со мелено месо и грашок
Искинете го карфиолот на цветови и обарете го во посолена вода. Кромидот ситно исецкајте го и заедно со меленто месо запржете го во тавче со малку масло. Пред крај, додадете ги зачините и грашокот.
Во намастен огноотпорен сад за печење измешајте ги заедно карфиолот кој ќе го приразделите на уште поситни цветови и содржината со месо од тавата и порамнете одозгора.
Изрендајте го кашкавалот најгоре. Доколку сакате вмешајте кашкавал и во јадењето, не само одозгора.
Јајцата и млекото изматете ги со жица, посолете и побиберете малку и прелијте ја содржината во садот.
Печете го загреана рерна на 200 степени 15-20 мин., односно додека преливот се згусни, а кашкавалот одозгора се растопи и фати малку коричка.
Послужете го топло (не жешко да го јадите како мене =) ), но кој сака ладно исто така е убаво.
Лиценца: Сите права се задржани
Фала ви девојки :)
(ne go koristam cesto karfiolot pa zatoa komentarite mi se samo okolu izgledot)
Дани, сакав на Лили пицата да ја пробам, ама изгледа не и било судено... место тоа јас друго пак направив од дуњите :) Се си мислам дека во такво издание понема да се сеќава карфиолот, а пица филот ретко кој не го обожава.