Подготовка

1. Овесот го тостираме во тавче на рингла. Готвиме додека да добие благо златеста боја. Ги тостираме и бадемите неколку минути, а потоа ги сецкаме.
2. Во подлабок сад ги додаваме овесот, бадемите, сусамот, семките од тиква, кокосот, сувото грозје и кајсиите. Мешаме убаво со лажица.
3. Во тенџере на оган ги ставаме путерот и медот. За поздрава варијанта, наместо путер може да ставите иста количина кокосово масло. Готвиме додека да се растопи путерот/маслото. Смесата ја додаваме во садот со останатите состојки и мешаме со лажица до целосно соединување.
4. Ја распоредуваме смесата во сад/калап (23*10цм) обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени 10 минути. По печењето оставаме да се олади 2-3 часа.
5. Вадиме од калапот со помош на хартијата за печење и сечеме на штангли/плочки.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани