Подготовка:
1. Бадемите, индиските ореви, оревите, тиквените семки и сусамот, потпечете ги на сува тава.
2. Истото направете го и со овесот, потпечете го на сува тава неколку минути постојано мешајќи. Кога ќе се олади сомелете го во брашно.
3. Урмите и смоквите попарете ги со жешка вода. Нека киснат 1-2 часа. Потоа ставете ги во блендер и миксирајте додека се добие каша. Ставете ја во тава на послаб оган и мешајќи цело време сушете ја отприлика петнаесетина до дваесет минути. Смесата кога ќе биде готова ќе почне да шета по тавата.
4. Во смесата со урмите ставете ги јатките, медот, кардамомот и брашното од овес и убаво измешајте, да се спои целата смеса.
5. Во правоаголна тава ставете хартија и распределете ја смесата. Одозгора со лажица убаво израмнете ја. Ставете ја во фрижидер неколку часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови