Заради брзиот начин на живот се почето се јадат брзи храни и не здрави состојки се внесуваат во организмот. Затоа еве еден едноставен рецепт кој секој може да си го приготви за засилување на имунитетот и чистење на организмот. Рецептот се состои од морков и јаболко.

На јадрата страна од рендето изрендајте го јаболкото
На ситната страна на рендето изрендајте ги морковите.
Прелејте ги со сок од еден исцеден лимон.
Полејте ги со маслиново масло
Зачинете со цимет.
Промешајте и засладете се со овој десерт.
На здравје.

Морковот е природен лек. Има здрав состав бета-каротин, растителни влакна, витамин Ц, етерични масла, витамин А, витамин Б, витамин Д, витамин ПП, витамин Х, железо, глутамин, калиум, калциум, калциум-пектат, каротеноиди, ксантофили, ликопен, натриум, пектин, јаглени хидрати, фосфор, цинк.

Ќе копирам еден цитат кој треба да го знаеме сите.
Бројни истражувања докажале дека морковот има улога на „чистач“ на организмот. Тој го чисти организмот од штетните материи кои настануваат со лошата исхрана и со делувањето на загадената животна средина и разните зрачења.

Во Норвешка, морковот им се препорачува на децата во вид на „Осло појадок“, бидејќи се смета дека помага во отстранувањето на заморот, во подобрувањето на концентрацијата, помага за подобро учење и подобар успех во школото.

Истото значи и за јаболкото.
Оваа комбинација на вкусови игра важна улога во здравјето на човекот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови