Домашно чоколадо
Водата, шеќерот и ванилата ставете ги на умерен до засилен оган да се загреваат. Откако шеќерот ќе се растопи, додадете ја кората од портокал и варете околу 3 минути. Исклучете ја ринглата и додадете ги путерот и какао путерот. Мешајте додека се стопат па тргнете од рингла.
Доколку немате какао путер, додадете уште 50на гр путер.
Измешајте ги какаото со млекото во прав и со помош на миксерот додадете ги во течната смеса.
По желба во чоколадото можи да додадете јаткасто и суво овошје или пак да издробите суви колачи или бисквити.
Истурете го во намастен или обложен калап со пек-хартија со димензија 25х25, односно, изберете онаков колку што сакате да има дебелина чоколадото. Колку е потенко, толку полесно и побрзо се суши. Исто така, можи да го истурите и во силиконски калапчиња и да добиете чоколадца со форми.
Чоколадото има ненормално добар вкус, сигурна сум дека секој ќе ужива, но структурно не е така цврсто како што се очекува, ами повеќе се однесува како карамела. Веројатно тоа што јас го заменив путерот со маргарин, се одрази и на структурата на финалниот производ. Доколку е топло времето и првите 3 дена има тенденција да се тегни како карамела. Друга работа е советот, да сте стрпливи при варењето на шербетот. Моја препорака би била да се истури со околу еден прст дебелина калап, да се стави во фрижидер преку ноќ или за побрзо во замрзнувач и потоа да се исечи на коцки, кои ќе ги ставите во хартиени корпиња. Чувајте ги на ладно или еден период промајно место за да си ја оформат структурата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
После неколку дена, финтата за добро парче, за кое пишував во текстот е да се остават непоклопени и потоа супер си се.
Си прочитав и една грешка во дополнителнито текст како забелешка, имено, таму каде пишувам дека путерот сум го заменила со маргарин, требаше, наместо путер да стои МАСЛАЦ.