Домашно чоколадо
Дали љубите чоколадо...моите деца многу го сакаат, а и мама и тато. Нема поубаво од домашно подготвено, затоа еве еден едноставен рецепт за ова слатко задоволство.
Шеќерот и водата ги ставаме да зовријат. Го тргаме тенџерето на страна и го топиме путерот во него, па го враќаме за кратко на тивок оган.
Млекото во прав го мешаме со какаото (добро е двата продукта да ги поминете низ сеалка), па со постојано мешање ги соединуваме со смесата во тенџерето. Убаво ги соединуваме и ги истураме во намрсени калапи, по можност силиконски, ама и не мора, може и на најлонска фолија или тавче, кои се разбира треба да бидат малку намрсени за да не се залепи.
Доколку сакате можете да ставите јаткасто овошје прво во калапите, па да прелиете со чоколадната смеса. Оставете го убаво да се стегне, најмалку еден ден, ама колку повеќе стои толку е подобро стегнато.
Ставете си и ванила ако сакате, безброј комбинации може да се направат, со аранчини, со екстракти...Јас ви ја дадов основата, па вие сега комбинирајте.
Моите фотки се правени неколку часа по правењето на чоколадото, така да се гледа дека не е совршено стегнато или пак јас дека знам е така... Ама не сум моќна да ги спречам децата кога ќе го направам ова слатко задоволство, па си велам дај да сликам додека има....
Лиценца: Сите права се задржани