За ова чоколадо ви се потребни само 5мин. Го ставаш какао путерот на пареа да се стопи. Додаваш шеќер, ванила и млеко во прав и мешаш. Смесата е течна и веднаш се истура во калапи. Мене при рака ми беа овие калапчиња за лижалчиња и пола доза истурив во едно мало калапче за чоколадо од ќерка ми, но тешко излегуваше па се откажав. Вкусот е неодолив, како млечно бело чоколадо, дури уште поубаво (а јас не сум некој голем љубител на бело чоколадо).

Какао путер можете да најдите во продавниците за здрава храна. Мислам дека ќе брка работа и кокосов путер, но мислам дека смесата ќе биде помека, а и вкусот различен. Сепак какао путерот е доста потврд. Кога ќе се изладат убаво се тврди (овде на сликата се на собна температура, па малку попуштиле).Па пробајте да направите посно бело чоколадо, барем ќе знаете дека навистина е посно. Ќе поставам исто така рецепт и за посно црно чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови