Домашно БАУНТИ чоколадо
Смесата од 150 гр путер или кокосово масло заедно со 180мл хопла или кокосово млеко, медот и шеќерот се става во тенџере на тивок огин да врие, потоа се појачува температурата, се остава уште неколку минути и се трга на страна. Се става во оваа смеса кокосот и се меша. Вака подготвената смеса се става на хартија за печење се израмнува во плоча со дебелина од околу 1,5 см. Се остава да одстои во фрижидер околу 2 часа. Потоа зацврснатата плоча се сече на коцки и се враќаат повторно во фрижидер. За тоа време се става на пареа да се растопи чоколадото со 100гр путер или кокосово масло и 1 лажица хопла или кокосово млеко. Во вака растопената смеса се става секоја коцка и се враќа на хартијата за печење. Потоа во остатокот од чоколадо се додава малку какао и се става во кесенце зарежано на страна и врз секоја коцка се посипува по малку со овој прелив. Коцките се оставаат уште 2 часа во фрижидер да се стегнат. Едносавно а вкусно. Уживајте во неодоливиот вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Обрни повеќе внимание на фотографијата. Рецептот е многу интересен, заслужува и подобра фотографија. Еден од критериумите за Рецепт на денот и Рецепт на месецот е да се има добра фотографија.
Прифотографирање секогаш прави по повеќе фотографии и од нив одбери ја најдобрата, да не биде матна, да не влегува светло(сјалица, сонце) во објактивот, да не е само од горе фотографирано (овој агол на баунтито е супер).
Поздрав :)