Испечати

Домашно БАУНТИ чоколадо

Домашно БАУНТИ чоколадо

Состојки

  • 250 гр кокос
  • 200 мл хопла од ориз или кокосово млеко
  • 100 гр нерафиниран шеќер
  • 5 лажици мед
  • 250 гр путер или коксово масло
  • 200 гр темно чоколадо со поголем процент на какао

Подготовка

Смесата од 150 гр путер или кокосово масло заедно со 180мл хопла или кокосово млеко, медот и шеќерот се става во тенџере на тивок огин да врие, потоа се појачува температурата, се остава уште неколку минути и се трга на страна. Се става во оваа смеса кокосот и се меша. Вака подготвената смеса се става на хартија за печење се израмнува во плоча со дебелина од околу 1,5 см. Се остава да одстои во фрижидер околу 2 часа. Потоа зацврснатата плоча се сече на коцки и се враќаат повторно во фрижидер. За тоа време се става на пареа да се растопи чоколадото со 100гр путер или кокосово масло и 1 лажица хопла или кокосово млеко. Во вака растопената смеса се става секоја коцка и се враќа на хартијата за печење. Потоа во остатокот од чоколадо се додава малку какао и се става во кесенце зарежано на страна и врз секоја коцка се посипува по малку со овој прелив. Коцките се оставаат уште 2 часа во фрижидер да се стегнат. Едносавно а вкусно. Уживајте во неодоливиот вкус.