Домашен чизбургер
Во подлабок сад ставете го меленото месо, изренданиот кромид,сецканата сува пиперка, лебните трошки и сенфот.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер и замесете ја смесата.
Оставете ја да отстои во фрижидер 1 час.
Откако смесата ке отстои со намрснети раце формирајте подебели плескавици и пржете ги во мала количина на масло.
Откако ќе бидат испржени од двете страни врз секоја плескавица ставете по 2 парчиња тост кашкавал. Покријте ја тавата со капак, исклучете го шпоретот, но оставете ја тавата на топло додека се растопи кашкавалот.
Во друга тефлонска тава ставете ги лентите сланина да се пржат додека станат крцкави.
Лебчињата исечете ги на половина.
На долната половина од лебчето ставете мајонез, одозгора ставете плескавица со растопен кашкавал, потоа 2 ленти сланина, кругови домат, парче марула.
На другата половина од лебчето ставете кечап и покријте го сендвичот.
Повторете ја постапката со сите лебчиња.
Послужете ги со пржени компирчиња.
Лиценца: Сите права се задржани