Домашен мајонез
Јас најчесто го матам мајонезот во теглата во која сакам да го чувам. Го матам со едната перка од миксерот бидејки не собира две перки.
Се ставаат само жолчките во теглата и се додава шеќерот. Се мати додека шеќерот не се растопи, па се додава сенфот. Зејтинот се додава на 7-8 пати по малку и по секое додавање зејтин се мати убаво окулу минута. Зејтинот во неколку наврати се додава за да не избие кога ќе стои. (да остане доле густата смеса, а во горниот дел да биде зејтин)
Мајонезот пред да се додаде лимоновиот сок, ќе биде како на сликата. Со додавање на лимонот мајонезот ќе осветли.
Може да стои во фрижидер и до 10 дена без проблем.
ЈАЈЦЕТО (жолчката) МОРА ДА БИДЕ СВЕЖА поради две причини. Прво бактерии, а второ од јајце кое е не е свежо нема да се направи пена и мајонезот нема да успее. Затоа користете јајца за кои сте сигурни дека се свежи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
што е тоа што не испаднало?
убаво го прочитав рецептот, пишано е чекор по чекор. ако испаднал течен, не бил доволно матен :)