Динстано телешко со гремолат
Познат германски рецепт.
Во тенџере со зовриена ивода ја ставаме коцката и вариме супа. Морковите коренот од целер ги сечкаме на коцки. Главиците кромид и три чешниња лук ситно ги сечкаме. Исечканиот кромид го пржиме во тава со растопен путер на оган. Ги додаваме парчињата моркови и целер. Откако зеленчукот ќе омекне, во тавата го додаваме исечканиот лук. Содржината од тавата ја претураме во керамичка тава за печење.
Парчињата телешко ги посолуваме и ги наросуваме со црн пипер.Тавата во која се пржеше зеленчукот ја враќаме на оган, додаваме маслиново масло и на загреано масло го ставаме месото да се пржи. Испрженото месо го ставаме врз зеленчукот во тавата за печење. Тавата за пржење ја враќаме на оган и во неа го налеваме виното. Конзервираните домати ги сечкаме и ги додаваме во тавата за пржење на оган. Во преостанатиот доматен сос ги додаваме тимијанот и ориганото. Магданосот ситно го сечкаме и го додаваме во садот со доматниот сос. Потоа доматниот сос со зачините го додаваме во тавата на оган. Со црпалка во тавата налеваме од супата и промешуваме. Содржината од тавата за пржење ја додаваме во тавата за печење. Посолуваме го доаваме ловоровиот лист, наросуваме со мелен црн пипер и ја покриваме тавата со капак. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 2 часа на температура од 200 степени. За време на печењето по потреба додаваме супа во тавата.
Подготовка на гремолатот.
На ситната страна на рендето рендаме кора до лимоните. Чешнињата лук и магданосот ситно ги сечкаме лукот,магданосот и изренданата кора од лимон ги ставаме во сад. Во садот додаваме маслиново масло и промешуваме.
Со лажица од гремолатот нанесуваме врз сервираното телешко и зеленчукот.
Може да послужите со варени тестенини или како милувате. Мене ми е убаво само со салата несакам да ги мешам вкусовите.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани