Подготовка:

1. Исечете парчиња од месото со дебелина од 1-1,5 см и потоа исчукајте ги со чеканче. Ставете ги во тава со малку масло да се запржат убаво од двете страни.

2. Извадете ги и во мрснотијата додадете го сечкан кромидот, па пиперката, па компирот и морковот и откако ќе омекнат и лукот ситно исечкан да се пропржи уште минута-две.

3. Потоа налејте ги водата и виното, измешајте и додадете го месото. Крчкајте на ниска температура со покриен капак околу половина час, па додадете ги зачините и ако треба вода, поклопете и крчкајте уште најмалку половина час, односно додека месото сосема не биди меко на допир со вилушката.

4. На крај растворете ги брашното и пиперта во малку вода и додадете ги во тавата. Оставете да зоврие и потоа да довари на исклучена рингла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови