Вкусен гурмански ручек.Топла препорака за сите кои се љубители на месо од дивеч.

Подготвка:

1.Месото убаво измиено, исечено и исчистено од жилички, се става да отстои во маринада 24 часа или најмалку преку ноќ. Месото се полева со киселината, виното и вода, да го покрива.
2. После изминатото време месото убаво се мие, се цеди од водата и се суши со кујнска хартија.
3. Сланината се сечка и се пропржува на вжештената свинска маст. Се вади од пекачот (ростерот).
4. Се става месото во пекачот и тоа да се пропржи, некои 10 на минути, од двете страни да фати убава боја, кора. Со тоа се овозможува соковите да останат во него.Потоа се зачинува со сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер.
5. Во пекачот врз месото се додава сланината, сечканиот зеленчук, ловоровите листови, виното, 2 чаши вода, се затвора со капакот и се става во загреана рерна да се печи на 200 степени.На секој пола час се превртува месото и се полева убаво со содржината. По потреба се долева вода, внимаваме да не ни запечи зеленчукот.
6. После некои 3 часа месото веќе е готово или готвиме додека не е готово. Го вадиме во капакот од пекачот, а содржината што остана ја процедуваме и пасираме. Во течноста ја додаваме киселата павлака и со жица убаво соединуваме.Тоа ни е сосот. Малку нека крчни и полеваме врз месото. Сервираме топло со прилог по желба.

На здравје и наздравете со чаша црвено винце!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани