Детски сендвич-воз
Изрендајте го сирењето, додадете ја павлаката и магдоносот и измешајте. Ова е основата на филот со кој ќе се лепат лепчињата.
Тост лепчињата исечете ги на половина. Се премачкуваат по 3 половинки за секој вагон со филот и 3 четвртинки одозгора одат за локомотивата. Покрај филот, помеѓу лепчињата можите да вметните и домати, кашкавал или некое од избраните видови салама, но внимавајте, треба да се најтенко исечени.
Одозгора украсете го по желба, а од краставицата исечете тенки кругови за тркала.
Изненадете ги дечињата со една ваква идеја за сендвич или пак спремете им го за некоја детска забава. Сигурна сум дека ќе се израдуваат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Deca-eden ne jade domati,drug maslinki samo kecapot mi pominuva.
pozz Klara i uste ednas jas iako uzivam da gotvam sakam cesto i sendvici i bi probala eden od tvoive i taka ke pravis povtorno:)
Дани, ова беше без „парти “. за малцинство, па си правевме декорација без многу додатни сервирки. :) Инаку, во право си, баш супер како пто велиш секое дете ќе си земи тоа што сака да јади, одлично смислено.
закон! :) :) :) :)