Детски ножиња-постапалки
Денес, имав чест , јас да ги подготвам постапалките за мојот внук Бојан.
Поради тоа, тета е најгордата тетка денес и затоа се потрудив малку да ги направам лични.
За почеток во садот со брашното го додадов претходно стасаниот квасец и јајцата. Потоа ги додадов шеќерот, млекото и маслото, и продолжив со месењето на тестото. Ако тестото ви е тврдичко се додава и вода по потреба.
Убаво обработено, тестото го оставаме да одмори.
Кога ќе се подкрене во садот, значи дека е готово за работа. Го поделив на два дела, за полесна работа иако не мора.
Растегнав кора со сукалка, со дебелина од еден прст и со модлата во вид на ноженце и звадив полноо ножиња.
Така подготвени за печење, ножињата ги наредив во подмачкан плех.
(тавата или плехот го премачкав со маргарин за да бидат помеки и полесно да се вадат, да не лепат )
На страна во мал сад матиме едно јајце и додаваме неколку капки масло и ванила. Промешуваме и ги премачкуваме ножињата. Веднаш ги печеме .
Готови се кога ќе ја сменат бојата--кога ќе заруменат. Веднаш ги попрскав со шеќер во прав за да впие додека е топло.
Откако се изладија, ги завиткав во фолија за да не се рони вишокот на шеќерче.
Беа прекрасни... меки...вкусни....
Во нашиот крај адетот е таков, кога проодува детето, се месат овие постапалки, за да не паѓало детето. Се месат кога месечината се раѓала т. е на млада месечина. Има милион прикаски околу оваа тема, но мојата завршува тука... .....
Среќни и задоволни... ги поделивме постапалките...
Направете и во обичен ден.... вкусни се.....
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ние пред скоро кога правевеме им стававме ноктиња на прстињата од суво грозје :)
Еве ги и нашите, сликани на трпеза
Провери, побарај....
Имам слушнато дека некаде во некој од нашиве градови, после подготовката на постапалката, на масата му ставаат на детето неколку алати... и за кое прво ќе се фати, таа ќе му биде професијата.
Јас верувам дека тоа е направено повеќе за забава, отколку што е вистинито, но сепак разни верувања има околу адетов :):) :)
А за твојата подготовка околу постапалките верувам дека ќе биде успешна :)
Uste ednas se cestitki za vnukot i gordata tetka....