Детски ножиња-постапалки
Состојки
- 1 кг брашно
- 250 мл млеко
- 1 квасец
- 150 гр зејтин
- 100 гр шеќер
- 1 паковка ванила
- 2 јајца
- 100 гр вода по потреба..околу 100 мл, зависи какво е брашното дали е меко и дали се расплеснува
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Денес, имав чест , јас да ги подготвам постапалките за мојот внук Бојан.
Поради тоа, тета е најгордата тетка денес и затоа се потрудив малку да ги направам лични.
За почеток во садот со брашното го додадов претходно стасаниот квасец и јајцата. Потоа ги додадов шеќерот, млекото и маслото, и продолжив со месењето на тестото. Ако тестото ви е тврдичко се додава и вода по потреба.
Убаво обработено, тестото го оставаме да одмори.
Кога ќе се подкрене во садот, значи дека е готово за работа. Го поделив на два дела, за полесна работа иако не мора.
Растегнав кора со сукалка, со дебелина од еден прст и со модлата во вид на ноженце и звадив полноо ножиња.
Така подготвени за печење, ножињата ги наредив во подмачкан плех.
(тавата или плехот го премачкав со маргарин за да бидат помеки и полесно да се вадат, да не лепат )
На страна во мал сад матиме едно јајце и додаваме неколку капки масло и ванила. Промешуваме и ги премачкуваме ножињата. Веднаш ги печеме .
Готови се кога ќе ја сменат бојата--кога ќе заруменат. Веднаш ги попрскав со шеќер во прав за да впие додека е топло.
Откако се изладија, ги завиткав во фолија за да не се рони вишокот на шеќерче.
Беа прекрасни... меки...вкусни....
Во нашиот крај адетот е таков, кога проодува детето, се месат овие постапалки, за да не паѓало детето. Се месат кога месечината се раѓала т. е на млада месечина. Има милион прикаски околу оваа тема, но мојата завршува тука... .....
Среќни и задоволни... ги поделивме постапалките...
Направете и во обичен ден.... вкусни се.....
На здравје.