Испечати

Детски сендвич-воз

Детски сендвич-воз

Состојки

  • 14 тост лепчиња
  • За фил
  • 200 мл кисела павлака
  • 1 парче сирење (околу 100 гр)
  • 1 мало снопче сецкан магдонос
  • Додатоци и украсување
  • 6-7 листови тост кашкавал
  • 6-7 листови сувомеснато по избор (препорачувам салама)
  • 1-2 домати, сечкана краставица и неколку маслинки

Подготовка

Изрендајте го сирењето, додадете ја павлаката и магдоносот и измешајте. Ова е основата на филот со кој ќе се лепат лепчињата.
Тост лепчињата исечете ги на половина. Се премачкуваат по 3 половинки за секој вагон со филот и 3 четвртинки одозгора одат за локомотивата. Покрај филот, помеѓу лепчињата можите да вметните и домати, кашкавал или некое од избраните видови салама, но внимавајте, треба да се најтенко исечени.
Одозгора украсете го по желба, а од краставицата исечете тенки кругови за тркала.
Изненадете ги дечињата со една ваква идеја за сендвич или пак спремете им го за некоја детска забава. Сигурна сум дека ќе се израдуваат.