Се мати јајцето и се додава шеќерот, растопениот маргарин, ванилата, пецивото и брашното. Се меси тесто и се остава да стои 1 час во фрижидер. Потоа се сука кора дебела 0,5 см. Се прават фигурки и се редат во тепсија. Се печат на температура од 190 степени 12 мин. Кога ќе се испечат одозгора се става прав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани